More

    Хаос во Холандија: Приведен српски фудбалер, конфликт меѓу полицијата и членовите на Легијата

    spot_img

    Полските медиуми без исклучок се согласуваат во нивната оценка, се работи за „скандал без преседан“.

    Српскиот фудбалер Радован Панков е приведен во Холандија откако неговата Легија одигра натпревар со АЗ Алкмар (1:0 за домаќинот).

    За работите да бидат уште побизарни, српскиот фудбалер цело време од конфликтот го помина во автобус!

    „Резултатот од се е што двајца фудбалери на Легија – капитенот Жосуе и дефанзивецот Радован Панков – без причина беа извлечени од автобусот, одведени во полициско возило и однесени во станица. Полицијата даде ултиматум: или овие двајца играчи ќе го напуштат автобусот или сите ќе бидат исфрлени од него. Тренерот на Легија, Коста Руњајиќ, менаџерот на тимот Конрас Пашњевски и адвокатот на клубот ги следеа до станицата со такси“, пишуваат полските медиуми.

    Што всушност се случи? Полицајците со палки ја нападнале делегацијата на Легија бидејќи неколку членови на делегацијата доцнеле, а останатите не сакале да дозволат затворање на портите на стадионот пред да го напуштат објектот.

    Дури и претседателот Дариуш Миодуски доби неколку удари, а новинарите кои беа на лице место снимаа се.

    На крајот, Панков и Жосуе беа приведени откако беа симнати од автобусот.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img