More

    АЛБАНЕЦОТ САШО СИ СТАНА ИНПЕКТОР ЗА ЛЕТАЊЕ Балансерот врти таму кај што бургија не може

    spot_img

    Во Агенцијата за Цивилна воздушна пловидба во август годинава беше објавен оглас за вработување советник/инспектор за летачки операции во Одделение за летачка оператива во Секторот за воздушен сообраќај.

    По пристигнатите апликации, Агенцијата уредно си формирала Комисија за селекција на кандидатите, ги оценила нивните пријави, направила ранг-листа и на крајот го избрала кандитот со најдобар „пласман“. Победил извесен Сашо Новковски, кој со тоа дошол на чекор до работното место од соништата – инспектор за летање.

    Потоа Комисијата уредно ја доставила предлог-одлука до директорот Томислав Тунев, а тој донел конечна одлука за избор на кандидатот на јавниот оглас.

    Сè е тоа убаво, прописно и личи на хепиенд, да не е само едан мал детал во одлуката, кој фрла сенка на целата работа. Имено, во својата апликација кандидатот Сашо Новковски навел дека по националност е Албанец.

    Не е дека не може да се случи некој што се вика Сашо Новковски да биде Албанец, но останува можноста изјаснувањето да е наменско, зашто на огласот етничката припадност е еден од пресудните фактори. Имено, јавнитте огласи се однапред дефинирани од која етничка припадност треба да биде победникот, утврдено со тнр. Балансер, за да се запази (или воспостави) правична застапеност на етничките зааедници во јавната администрација.

    Дали е проблем што кандидатот се „изјаснил“ како Албанец во јавниот оглас за вработување, дури и на други места да е изјаснет како Македонец? Се разбира дека не е, зашто во мултикултурна, мултиетничка, слободна Македонија, секој може да се изјасни како сака и кога сака. И за колкав период сака. На пример, додека трае огласот.

    Сепак, останува проблемот дека секој може да го изигра „балансерот“, да се изјасни како Албанец, Ром, Влав, по потреба, за да дојде до вработување. Токму поради можноста за вакви злоупотреби, во јули годинава Министерството за правда донесе упатсво, според кое во изводите од кигите на родени, венчани и умрени, треба да се содржи етничката припадност на кандидатот. Но, тоа во јавноста наиде на жестоки критики, како антидемократски и застарен модел, иако во нашиот Закон за водење матична евиденција е предвиден со самото негово донесување во раните деведесетти. Но, од истите причини и отпори, ова упатство никогаш не било донесено и таа законска обврска не била почитувана.

    Новото упатство што го потпиша министерот Кренар Лога требаше да стапи во сила на 1. јануари 2024 година, но Уставниот суд поведе постапка за негово оценување и ја одложи неговата примена на неодредено време.

    Според уставните судии етничката припадност спаѓа во групата на сензитивни податоци кои подлежат на посебна заштита, согласно правилата за заштита на лични податоци. Може да ги има во матичните книги, но не во изводи и други документи. Додека таа правна дилема се разреши, на конкурсите секој ќе може да се изјасни како сака, и никој нема право да му бара доказ или документ што ќе го потврди тоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img