More

    Католичката црква во Швајцарија ги претстави резултатите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век

    spot_img

    Католичката црква во Швајцарија денеска ги претстави резултатите од пилот студијата за историјата на сексуалната злоупотреба во Католичката црква во Швајцарија од средината на 20 век.

    Сеопфатната, долгорочна студија ги анализира случаите на сексуална злоупотреба од страна на претставници на Римокатоличката црква во Швајцарија при што открила 1002 такви случаи.

    Проектот траеше една година и е спроведен од Универзитетот во Цирих. Идентификувани се 510 обвинети и 921 засегнато лице. Студијата е наменета како почетна точка за понатамошно истражување, пренесува Ватикан њуз.

    Извештајот, нарачан од швајцарската бискупска конференција и предводен од двајца историчари од Универзитетот во Цирих, дава длабински поглед на сексуалната злоупотреба и вознемирување што ја потресува Католичката црква низ светот во последните децении – уништувајќи ги животите на многу жртви и нивните семејства и го наруши угледот на институцијата.

    Авторите на студијата во извештајот нагласуваат дека пронашле 1.002 „случаи на сексуална злоупотреба“, како и обвиненија против 510 лица. Според нив, 921 лице биле жртви на напад.

    Изворите на информации главно вклучувале тајни архиви, како и архиви на специјалистички комитети за „сексуални напади“ на швајцарската бискупска конференција и на поединечни епархии. Државните и приватните архиви не беа земени предвид или беа само делумно испитани.

    Според резултатите од истрагата, најголем дел од засегнатите биле мажи или момчиња (56%), а во 39% од случаите засегнати лица биле жени или девојчиња. Според изворите, полот не можел јасно да се утврди во 5% од случаите. Со неколку исклучоци, обвинетите се претежно мажи.

    Речиси три четвртини од случаите (74%) се однесуваат на сексуална злоупотреба на малолетници. Во 12% од случаите возраста не можела јасно да се одреди. Возрасните се погодени во 14% од случаите.

    Покрај 1.002 случаи, идентификувани се и 30 случаи на сексуална злоупотреба во кои обвинетите имаат или имале врски со швајцарска институција на Католичката црква, но самиот чин се случил во странство.

    Истражувачкиот тим нагласува дека пилот проектот успеал да забележи само мал дел од случаите. Спектарот се движи од проблематични гранични ситуации до најсериозните, систематски злоупотреби. Студијата исто така нагласува дека „осудените сторители генерално биле казнувани многу благо од Црквата или воопшто не биле казнувани“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img