Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека во планината Шпираг кај Берат е пронајдено големо количество висококвалитетен гас и нафта.

Тој на социјалните мрежи напиша дека по речиси десет години работа и достигнување на длабочина од 6002 метри, веќе се подготвува конечниот тест за стабилноста на подземниот притисок за извлекување нафта и гас на површината, што доколку се покаже дека е успешна според премиерот, ќе „влијае на иднината на земјата и на енергетската иднина на Европа“.

„Од посетата на местото на големата надеж за Албанија 2030, каде по титанска работа од речиси десет години и достигнување на 6002 метри длабоко во земјата, допрена е голема резерва на гас и нафта со највисок квалитет. Во меѓувреме, за негово извлекување се подготвува решавачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок, кој во случај на успех ќе значи историски скок во економскиот живот на државата. Ви посакувам убав ден“ – напиша албанскиот премиер.

Рама објавува и видео од посетата на местото каде што испитувања врши холандската компанијата „Шел“.

 

Share This Article