More

    Конечно МЗ се смилува ,набавени ленти за мерење на гликемија….

    spot_img

    Министерот за здравство Фатмир Меџити сподели на својот Фејсбук профил информација дека конечно е надминат, како што го нарече, наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер и дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават во аптеките.

    Тој истакна дека се прават максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет. Со нив, вели министерот, децата по прв пат ќе може безболно да го мерат шеќерот во крвта и вети дека во неговиот мандат доцнење на набавка на лекови нема да има.

    – Го решивме наследениот проблем со недостатиг на ленти за мерење шеќер во крвта. Доволна количина ленти која ќе ги задоволи потребите на дијабетичарите е веќе на пат кон земјава, а во текот на следната недела ќе бидат достапни во аптеките. Правиме и максимални напори наскоро да пристигнат и сензорите за дијабет кои по прв пат ќе може да ги користат децата за безболно мерење на шеќер – напиша тој.

    Со ова, додава, ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите.

    – Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има – напиша министерот Меџити на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img