По дебаклот со уставните измени целосно неважно е што мисли делегитимираната СДС, единствено решение се избори – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на денешната прес конференција на СДСМ.
„СДС цела година лажеа дека имаат пратеници за уставни измени. Во петокот видовме дека не само што немаат 80, туку едвај имаат и 70. И пратеници од владејачкото мнозинство се против уставни измени“ – истакнуваат од најголемата опозициска партија.
За ВМРО-ДПМНЕ единствено решение за излез од кризата е одржување на предвремени избори.
„На Ковачевски никој повеќе не му верува. Со СДС секој ден сме се подалеку од ЕУ. Власта свесно ја заглави државата, и бега од избори, односот на СДС кон граѓаните е крајно неодговорен.
Ако СДС веруваат во своите политики, ајде на избори, тоа е единствено решение за излез од кризата“ – повикаа од ВМРО-ДПМНЕ.