Ако се трошат помалку пари за воени цели ќе има повеќе за хуманитарни цели – порача денеска папата Франциско упатувајќи апел за поголема хуманост.
„Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца. Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот“ – објави Папата на Твитер.
Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.