Поп кралицата Мадона завчера го прослави својот 65-ти роденден, а забавата се одржа во ресторанот на познатиот готвач Љубомир Станишиќ, по потекло од Сараево.
Мадона ја одржала роденденска забава во неговиот ресторан „Bistro 100 Maneiras“, на чиј инстаграм-профил се појави видео со ретроспектива на кариерата на Мадона и видео како таа ги дува свеќите.
„Среќен роденден, драга М! Ти благодарам што го избра нашиот ресторан за да го прославиш својот роденден. Чест е да ти бидеме домаќини тебе, на твоето семејство и пријателите“, напишале во објавата.
Љубомир Станишиќ е светски познат готвач кој е добитник на бројни награди од кулинарскиот свет. Тој го напушти Сараево поради војната во 1992 година и изгради нов живот и кариера во Лисабон, Португалија.
Во 2004 година го отвори својот прв ресторан, кој пропадна во 2009 година, оставајќи го во долгови. Учествуваше во неколку емисии на 24Kitchen и беше во специјалитети на ѕвезди како Џејми Оливер и Ентони Бордејн.
„Bistro 100 Maneiras“ го отвори во февруари 2019 година, а го посетија многу познати личности, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, и беше вклучен во листата на „50 најдобри откритија“ (50 Best Discovery).
ФОТО: Инстаграм