More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 16.08.2023

    spot_img

    На 15.08.2023 во 20.45 часот на ул.„Скоевска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(34) од с.Арнакија, општина Сарај. Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено–поправната установа Затвор Идризово каде имал за доиздржување уште две години и осум месеци од казната. Лицето било спроведено во Казнено–поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

     Денеска (16.08.2023) од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, лишен е од слобода И.Р.(45) од Битола. Тој се барал со наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци. Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.

     На 15.08.2023 во 17.50 часот на улица „162“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.С.(33) од тетовско село, затоа што физички ја нападнал неговата 31-годишна сопруга. Подоцна, по наредба на јавен обвинител, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин и други предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 15.08.2023 во 18.20 часот во с.Лисичани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода И.Б.(29) од с.Лисичани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка. За настанот бил известен јавен обвинител, а И.Б. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.   

    На 15.08.2023 во 22.45 часот во тетовско Горно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода А.Ш.(37) од Долно Палчиште, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 22.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници, од Тетово и од Република Албанија, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Малолетниците биле задржани во полициска станица и во присуство на нивните родители со нив бил извршен службен разговор. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

    Денеска (16.08.2023) во 00.50 часот на кеј на река Вардар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                 

    На 15.08.2023 во 23.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.К.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 23.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 15.08.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 15.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 19.45 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Г.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 15.08.2023 во 09.20 часот во Кавадарци, врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.М.(42) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 188 став 5 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

    Во текот на вчерашниот ден (15.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи. Од нив 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 169 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    Во текот на вчерашниот ден (15.08.2023), во периодот од 08.00 до 12.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 158 пешаци од кои 149 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 104 други видови на прекршоци.

    Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден (15.08.2023) продолжи  со контролите во областа на сообраќајот, при што на подрачјето на СВР Куманово изречени се  19 санкции за  прекршоци што ги прават пешаците. Од нив 15 на подрачјето на Куманово, 2 во Крива Паланка и 2 во Кратово.

    На 15.08.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 25 прекршоци, од кои 13 надвор од  населено место и 12 во населено место. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот, била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа биле санкционирани 9 прекршоци. Санкционирани биле и 32 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 2 за некористење заштитна кацига, 13 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени фолии.

    На 16.08.2023 во 04.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на с.Видрани, Т.Б.С.(26)  од с.Другово, кичевско, управувајќи патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Општата болница во Кичево, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците В.В.(19) и С.С.(34), двајцата од Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

    На 15.08.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Шаторов-Шарло“ со ул.„Пандил Шишков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од Ј.О.(19) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“, управуван од О.С.(43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 15.08.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(54) од Прилеп и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

    На 15.08.2023 во 17.23 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на патот Пробиштип-с.Стрмош, на место викано „Киселички мост“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(33) од с.Стрмош и мопед „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.З.(62) од Пробиштип. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

    На 15.08.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Т.(50) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница бил каснат од куче скитник.            

    На 15.08.2023 во 16.50 часот во СВР Тетово, М.Д.(36) од тетовска Брвеница пријавила дека во селото нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 15.08.2023 во 20.30 часот во Полициското одделение Галате, С.А.(26) од гостиварско Врапчиште пријавила дека нејзината малолетна ќерка во дворот од нивната куќата била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img