На 07.08.2023 во 14.30 часот во гостиварско Галате, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода Х.Р.(42) од гостиварско Врапчиште. Тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 07.08.2023 во 15.55 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, пред село Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода Б.Ц.(35) од Скопје. При преглед во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија, меѓу кои тројца малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Табановце. Б.Ц. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2023 во кругот на поранешна фабрика во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода И.Д.(40) и Ш.Ј.(32), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.08.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.З.(38) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Денеска (08.08.2023) во 02.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ч.(29) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 07.08.2023 во 15.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 08.08.2023 во 00.30 часот во близина на кичевското село Гарани, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Р.М.(46) од село Туин, кичевско, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2023 околу 22.00 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.П.(20) од Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.08.2023 на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода И.Ф.(24) и М.И.(30) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.08.2023 во 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија ја лишиле од слобода Ц.Л.Р.(57) од Јужноафриканска Република, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 211 став 1 од Закон за странци. Имено, таа се обидела со возило, во кое била нејзината 23-годишна ќерка без лични документи, да ја помине државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Таа била задржана во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.
На 08.08.2023 во 01.50 часот на крстосница од улица „Киро Ристоски-Дрнц“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.Д.(52) од тетовско Гајре, затоа при преглед кај него и во патничкото возило „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал, биле пронајдени и одземени нож и бејзбол палка. Исто така, било констатирано дека возилото е со помината регистрација повеќе од шест месеци и било задржано во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.08.2023 околу 14.30 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го привеле Е.А.(23) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (07.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 206 возачи. Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 07.08.2023 во 15.14 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.М.(39) од Битола и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(27) од Битола. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Клиничка болница Битола. Увидот на местото на несреќата извршила екипа на СВР Битола.
На 07.08.2023 во 13.50 во ОВР Кочани, О.Ц.(37) од Кочани пријавил дека во двор на средно училиште во Кочани неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 07.08.2023 во 14.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Градец, во село Сенокос, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(25) од Градец и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од Ш.К.(50) од Сенокос. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетен сопатник во возилото со гостиварски регистарски ознаки, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 07.08.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Центар, Ж.А.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„Јордан Мијалков“ била касната од куче скитник.
На 07.08.2023 во 12.55 часот во СВР Скопје, Д.С.(69) од Скопје пријавила дека на 31.07.2023 околу 11.30 часот на бул.„Видое Смилевски Бато“ била удрена од електричен тротинет управуван од женско лице, кое го напуштило местото, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.08.2023 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.И.(57) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.