More

    Сончево и многу топло време со максимална температура од 39 степени.

    spot_img

    Сончево и многу топло време со мала локална облачност, најавуваат метереолозите за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. УВ факторот ќе биде 9.

    Најтопло ќе биде во Гевгелија и Демир Капија каде се очекува температурата денеска да достигне до 40 степени.

    Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец и со максимална температура од 39 степени.

    До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, предупредуваат од УХМР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img