More

    Бектеши: ЕСМ треба да биде столб на енергетскиот сектор и ова Министерство за економија кое јас го предводам нема да дозволи под никакви услови да се продава

    spot_img

    ЕСМ треба да биде столб на енергетскиот сектор и ова Министерство за економија кое јас го предводам нема да дозволи под никакви услови да се продава, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, запрашан дали се планира продавање на ЕСМ откако се зголеми неговата вредност со спојувањето со ТЕЦ Неготино.

    – Дали ЕСМ ќе се продаде? Не знам, но во енергетската стратегија на Министерството за економија е предвидено ЕСМ да биде стожер на енергетскиот сектор. Јас можам да потврдам дека додека сум јас министер и член на влада и ако не сум министер, а во владата е ДУИ, тоа нема да се случи – рече Бектеши.

    Тој додаде дека нема да се дозволи оваа компанија да се продаде и ако други субјекти побараат да се случи продажба.

    – Ако одредени други субјекти би имале други политики во однос на компанијата, не можам да ги коментирам нивните причини за тоа. Но ако сум дел од владата или ако не сум министер, а мојата партија е дел од таа влада нема да дозволиме тоа да се случи – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img