More

    Политичарите ќе поминат неколку дена на одмор со семејствата

    spot_img

    Политичарите започнаа да ги пакуваат куферите, а меѓу првите кој ќе замине на одмор е претседателот Стево Пендаровски, кој веќе утре со своето семејство ќе патува за Италија.

    Од кабинетот на Пендаровски за Плусинфо велат дека претседателот ќе биде пет дена приватно отсутен и ќе со семејството.

    Од Кабинетот не ја соопштија точната локација на која ќе летува претседателот.

    Премиерот Димитар Ковачевски исто така со семејството ќе патува надвор од земјата, потврдија од Владата. Оттаму не открија кога и каде ќе замине Ковачевски и колку време ќе трае неговиот одмор.

    „Премиерот Ковачевски ќе користи краток годишен одмор заедно со семејството надвор од земјата“, одговорија кусо од владината прес-служба.

    Прашавме каде ќе летуваат министрите во Владата, но засега за тоа нема одговори од владината служба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img