ЏОНИ ДЕП ГИ ЗАГРИЖИ ОБОЖАВАТЕЛИТЕ Актерот снимен како оди со бастун

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Холивудскиот актер Џони Деп во мај мораше да ја одложи турнејата со својот бенд „Холивудски вампири“ поради повреда на глуждот, а се чини дека ногата и понатаму не му е заздравена, бидејќи неодамна во Бостон бил снимен како оди со помош на бастун.

Пред неговиот настап со бендот, актерот е уловен насмеан, иако навидум едвај одел, што загрижи многу обожаватели. Американските медиуми во мај објавија дека актерот го скршил зглобот, а бендот ги објави деталите на своите профили на социјалните мрежи.

– Со тага ја споделуваме веста дека „Холивудски вампири“ ќе мора да одложат три концерти од нашата американска турнеја. Џони се здоби со тешка повреда на глуждот и лекарот му препорача да не патува во таква состојба. Многу му е жал за оваа ситуација, но едвај чека да се одмори за да дадеме сѐ од себе на турнејата во Европа – објавија членовите на бендот на социјалните мрежи.

Исто така, ова е прво појавување на актерот во јавност откако светот ја обиколи веста дека бил пронајден во несвест во неговата хотелска соба во Будимпешта. Бендот на Деп во последен момент го откажа концертот во Будимпешта, а според полицискиот извештај, актерот се онесвестил, па морале да се повикаат лекар. Деп наводно бил во толку лоша состојба што не можел ниту да стигне до сцената.

Share This Article