More

    МВР – ИЗВАДОК ОД ДНЕВНИТЕ НАСТАНИ 01.08.2023

    spot_img

    На 31.07.2023 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети. А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 31.07.2023 во 20.20 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 31.07.2023 во 17.50 часот на наплатна рампа Тетово – Гостивар, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода И.Ј.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени неколку пакувања со марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 31.07.2023 во 12.00 часот на улица „106“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Р.(22) од Република Косово, со престој во Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 01.08.2023 во 01.30 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.Д.(32) од Германија, со живеалиште во Скопје. При гранична контрола и проверка, било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

    Во текот на вчерашниот ден (31.07.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 249 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

    На 31.07.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 12 надвор од населено место и 5 во населено место. Истиот ден, во периодот од 08.00 до 12.00 часот, била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа биле констатирани 10 прекршоци. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 4 за нерегистрирано возило, 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за неносење заштитна кацига и 7 за непрописно паркирање.

    На 31.07.2023 во 08.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат во близина на село Белотино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Т.М.(28) и патничко возило „пасат“ со словенечки национални ознаки, управувано од П.С.(31), двајцата од село Рич, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

    На 31.07.2023 во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Mакедонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 31.07.2023 во 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Имер Призрени“ и ул.„Христофер Жефаровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено канго“, управувано од К.Т.(63) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од С.А.(30) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 31.07.2023 во 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Св.Климент Охридски“ со бул.„Кирил и Методиј“ и бул.„Мајка Тереза“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А6“, управувано од И.П.(51) од Скопје и мопед, управуван од Н.С.(26) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 31.07.2023 во 23.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Словенечка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(39) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од А.С.(41) од Скопје, при што возилото со скопски ознаки удрило во пешакот М.В.(25) од Скопје. По несреќата пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. Возачот С.О. и неговата сопатничка М.О.(28) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот А.С. со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

    На 31.07.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје, У.Е.(61) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Маџир Маало бил каснат од куче скитник.

    На 31.07.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А.(45) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img