More

    Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага

    spot_img

    Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага. Обвинителството продолжува да презема дејствија за обезбедување докази со цел целосно расчистување на настанот, објави попладнево скопското Обвинителство.

    За четири лица за кои постои основано сомнени дека учествувале во навивачката пресметка во Чаир во која беше повреден еден бугарски државјанин, основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување на мерки на претпазливост.

    „Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка пресметка со навивачи на бугарскиот фудбалски клуб „Левски“ со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

    Имајќи ги предвид сите околности на настанот, кој беше предизвикан кога бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” и најпрвин влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, а потоа ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти, јавниот обвинител за осомничените предложи неколку мерки на претпазливост: обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за посетување на определено место – спортски натпревари“ – информираат од скопското Обвинителство.

    Претходно, од МВР информираа дека полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје на 28.07.2023 лишиле од слобода четири лица поради насилство извршено врз навивачи на бугарскиот фудбалски клуб Левски на ул. Цветан Димов во скопската населба Чаир, кои самоволно се издвоиле од рутата обезбедена од полицијата и се движеле кон стадионот „Тоше Проески” во Скопје со цел да присуствуваат на фудбалскиот натпревар ФК „Шкупи”- ФК „Левски”.

    „На 27.07.2023 околу 18.30 часот на ул. Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда” и „фолксваген пасат” со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет.
    Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28.07.2023 лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица. По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска (29.07.2023) против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „насилство” по член 386 ст,4 од Кривичниот законик и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“ – стои во извесувањето од МВР.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img