Денеска (28.07.2023) во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2023 во 18.30 часот на Граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, странци, миграции и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода З.В.(51) од Република Албанија, со бугарска патна исправа. При контрола, извршена од полициските службеници со екипа од мобилната царина, во автобусот кој го управувал З.В. биле пронајдени и одземени 67 пакувања различни видови стероиди во ампули за кои не поседувал никаква документација. Тој бил задржан во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава за криумчарење по член 278 од Кривичниот законик.
На 27.07.2023 во 12.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Р.М.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 27.07.2023 во 20.15 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.Е.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 28.07.2023 во 00.50 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.И.(23) од тетовско Требош затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светлo, седум мерки за возач почетник…
На 27.07.2023 во периодот од 08.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани 13 (ТЕ-6 и ГВ-7) пречекорувања на максималната дозволена брзина надвор од населено место, од кои 3 (ТЕ) се движеле со брзина од 50 до 70 километри на час над дозволеното, додека 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) со брзина од 30 -50 километри на час повеќе од дозволеното. За време на контролата биле констатирани и 21 останати прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-7). На сите возачи – прекршители им биле изготвени и законски предвидените поднесоци.
На 27.07.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 8 во населено место. Санкционирани биле и 17 други видови на прекршоци, од кои 3 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистрирано возило, 1 за возач почетник, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас и 5 за непрописно паркирање.
На 27.07.2023 во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.
На 27.07.2023 во 17.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар-Србиново-Падалиште, С.Џ.(52) од гостиварски Равен, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Џ. констатирани во Медицински центар Гостивар. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
На 27.07.2023 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од Тетово, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Л.Ш.(18) од с.Ларце, тетовско, додека возачот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 27.07.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Гази Баба, П.З.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.
На 27.07.2023 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Ш.Д.(59) од Скопје пријавил дека во населба Автокоманда бил каснат од куче скитник.
На 27.07.2023 во 18.10 часот во Полициската станица Драчево, Д.П.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранко Заревски“ бил каснат од куче скитник.