На 25.07.2023 во 13.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле С.Т.(26) од Струмица. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.
Денеска (26.07.2023), полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(31) од с.Кондово, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум саксии со развиени стебла од канабис сатива. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2023 во 18.15 часот, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Е.Ј.(27), Р.Р.(30) и Н.А.(26), сите од Ресен. Тие биле затекнати при извршување тешка кражба во фабрика на ул.„Димитар Влахов“ во Ресен, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (26.07.2023) во 00.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(18) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и метален боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 25.07.2023 на ул.„Баталјон Стив Наумов“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода Ц.Т.(41) и С.Ј.(27), двајцата од Битола, бидејќи кај Ц.Т. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 25.07.2023 на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволенатрговија со дрога при Полициската станица Струга го лишиле од слобода В.Б.(31) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2023 во 16.20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.Ж.(57) од Струга, затоа што кја него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“, калибар 9 милиметри. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (26.07.2023) во 03.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Н.(46) од Белгија. При извршена проверка било констатирано дека белгиската патна исправа и личната карта биле фалсификувани. Исто така, при дополнителна проверка било утврдено дека тој остварил влез во државава на 24.07.2023 на Граничниот премин Блаце со турска патна исправа, која при преглед била пронајдена во неговиот багаж заедно со уште една белгиска возачка дозвола која била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден (25.07.2023), во периодот од 17.00 до 23.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 255 возачи. Од нив, 162 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 56 возеле без возачка дозвола, еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила…
Во текот на вчерашниот ден (25.07.2023) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 40 возачи. Од нив, 30 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци.
На 25.07.2023 во времето од 17.00 до 23.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат мотоцикли. За време на контролата биле констатирани 27 прекршоци, од кои 15 за неносење заштитна кацига, 5 за управување без возачка потврда, 1 за измината важност на осигурителната полиса 2 за нерегистрирани мотоцикли и 4 други видови прекршоци. Истиот ден, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 8 во населено место. Санкционирани биле и 21 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 5 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 4 за непрописно паркирање.
Денеска (26.07.2023) во 00.23 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица-с.Цера, патничко возило „мазда“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Г.А.(43) од Македонска Каменица, излетало надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(32) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.
Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај с.Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Охрид и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(53) од с. Горно Оризари, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и неговиот сопатник Н.А. од Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 25.07.2023 во СВР Битола, С.Д.(73) од Битола пријавил дека во Градскиот пазар во Битола бил каснат од куче скитник.
На 25.07.2023 во СВР Битола, С.Т.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Канинска“ во Битола бил каснат од куче скитник.