More

    Академијата за судии и јавни обвинители поднесе тужба пред Управен суд

    spot_img

    Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) поднесе тужба пред Управен суд по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата(ДКСК) донесена по приговор поднесен од кандидатката за претседател од ВМРИО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, дека Академијата со конкурсот и тестирањето на кандидатите за судии и обвинители го прекршува законот во изборен период.

    Од Академијата, посочуваат дека пред, и на самата јавна седница на ДКСК, што се одржа на 10 април, имало многу процедурални повреди, за што Академијата најави тужба пред Управниот суд.

    „Академијата по добивањето на Одлуката од ДКСК во законскиот рок ќе поднесе тужба и истата ќе биде заснована на факти, а не на политички маркетинг, невистини и инсинуации, како што беше случајот со јавната седница, кога претседателскиот кандидат се повикуваше на некакви писма и изнесуваше разни шпекулации и измислици, а на Академијата ѝ беше ускратено правото на одговор по истите“ – соопштија од Академијата.

    Државната комисија за спречување на корупцијата, на јавната седница едногласно го усвои приговорот поднесен од Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и на Изборниот законик. Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

    Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители, спротивно на Изборниот законик, засновала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

    Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

    „Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“ – пишува во приговорот на Силјановска  Давкова.

    Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска, на седницата нагласи дека се незадоволни од одлуката и оти правдата ќе ја бараат пред Управен суд и посочи дека најголеми губитници во овој случај се кандидатите.

    – Датумски воопшто не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши, и оти не се работи за класично вработување.

    Директорката на АСЈО истакна дека во прашање е сериозен јавен интерес, што ќе има долгорочни последици врз капацитетот на работењето на судовите и на обвинителствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img