Актерката Џозефин Чаплин, ќерка на славниот Чарли Чаплин, почина на 74-годишна возраст.
Тажната вест семејството ја објави една недела по нејзината смрт.
Џозефин почина на 13 јули оваа година и ќе биде погребана во Париз, а на погребот ќе присуствува само нејзиното семејство.
Најпозната е по улогите во филмовите „Бегство до сонцето“, „Мирисот на дивите животни“, „Џек Мевосек“ на германски јазик со Клаус Кински, како и „Момчето од заливот“.