Во село Кадино вчера наутро бил запален автомобил на командир во затворот „Идризово“. Според МВР во инцидентот нема повредени лица.
„На 16.07.2023 во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки. Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема“, стои во известувањето од МВР
Според Фактор, станува збор за возило на командир на смена во затворот „Идризово“, кому и лани му било запалено возило.
Во изминатиот период забележани се неколку случаи на запалени возила на полициски службеници.
Рано изутрината на паркинг во Штип горело возилото на началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, информираа од полицијата.