More

    Тест кој открива дали можете да го прошетате вашето куче на жештина

    spot_img

    Тест кој открива дали можете да го прошетате вашето куче на жештина
    Кога асфалтот гори, шепите на кучињата се ранливи.

    Колку и да се паметни, кучињата се потпираат на нивните сопственици за да ги задоволат основните потреби како што се добивање храна и одење на прошетки.

    Меѓутоа, кога е тропски топло, пешачењето може да стане незгодно за кучињата бидејќи на температури над 25 степени Целзиусови можат да подлегнат на топлотен удар.

    Вообичаени знаци на топлотен удар кај кучињата вклучуваат задишување, забрзан пулс, прекумерно лигавење, тетерави и слабост.

    И додека луѓето ќе се оладат со отстранување на слој облека кога им е премногу жешко, кучињата не го можат тоа, пишува Mirror.

    Затоа центарот за обука на кучиња „Moon Valley“ сподели совет кој може да ги спаси животите на кучињата во жешките месеци.

    „Ставете ја дланката на тротоарот. Ако не можете да го држите пет секунди, премногу е топло за да го шетате вашето куче“, велат тие.

    Кучешките шепи се многу чувствителни на изгореници, исто како и човечките стапала. Ако надворешната температура е 25 степени, но нема ветер и влажноста е мала, температурата на асфалтот може да достигне 52 степени.

    Одете на прошетки рано наутро и доцна навечер. Внимавајте на знаци на прегревање, а ако ги препознаете додека одите, застанете, најдете засенчено место и дајте му вода на вашето куче.

    Сопствениците на раси со рамни муцки, како што се боксери и мопс, како и постарите кучиња и оние со прекумерна телесна тежина, мора да бидат особено внимателни бидејќи овие кучиња се поподложни на топлотен удар, пренесува nova.rs.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img