Џек Ма, кинескиот милијардер и основач на компанијата „Али Баба“ се забавуваше во Белград и насмеан мавташе на музиката држејќи прскалка. Видео на Твитер го покажува затскриениот живот на човекот кој од нула создаде бизнис-империја, а дузина пати бил одбиван да се запише на факултет.
Џек Ма е познат и по тоа што на почетокот на 2021 година не се појави во јавноста три месеци, па се шпекулираше дека исчезнал.
Чудно е и што тој исто така, не се појави во последната епизода од неговото реално шоу, African Business Heroes, што им даде шанса на младите африкански претприемачи да се натпреваруваат за дел од 1,5 милиони американски долари.
Џек Ма во 2020 година ги спореди глобалните банкарски правила со клуб на старци. Остро ја критикуваше Кина дека ги загушува своите млади иноватори.