More

    Ѕвездата на „Хари Потер“ изгледа непрепознатливо по излегувањето од затвор

    spot_img

    За разлика од неговите врсници, кои улогите во волшебничките филмови за Хари Потер ги претворија во профитабилни кариери во филмот и театарот, 34-годишниот Џејми Вајлет денес заработува пари со правење персонализирани видеа на платформата Камео.

    Вајлет за првпат влезе во неволја во 2006 година, кога беше обвинет дека зема кокаин. Три години подоцна, тој се изјасни за виновен за поседување и одгледување марихуана, поради што беше осуден на 120 часа општествено корисна работа.

    Тој не глумеше во последните два филма од серијалот за Хари Потер токму поради овие проблеми со законот.

    Две години подоцна, тој беше уапсен за учество во немирите што избувнаа во Лондон по смртта на црнецот Марк Дуган. Полицијата го обвини за насилничко и недолично однесување, намера да уништи или оштети туѓ имот и поседување украдена стока. Поточно, тој беше обвинет дека поседувал молотов коктел додека ограбил аптека во Лондон. Покрај тоа, тој беше обвинет и за одгледување марихуана. За неговото учество во немирите во 2012 година, тој беше осуден на две години затвор.
    По отслужувањето на затворската казна, Вајлет не се врати на актерството, а од неодамна на платформата Камео продава персонализирани видеа кои најмногу се состојат од испраќање убави желби и честитки. Едно видео чини 160 британски фунти (183 евра), а во просек траат една минута и 47 секунди.

    Откако се појави на Камео, обожавателите на Хари Потер веднаш забележаа дека Вајлет многу се променил од деновите кога глумеше во истоимениот филмски серијал. Поранешниот актер сега има тетоважа над окото и неколку тетоважи на рацете.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img