Руски комичари му се претставиле како Зеленски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy attends a service commemorating victims of World War II at the Saint Peter and Paul Cathedral with Polish President Andrzej Duda, amid Russia's attack on Ukraine, in Lutsk, Ukraine July 9, 2023. REUTERS/Alina Smutko/File Photo
- Advertisement -
Ad image

Двајца комичари од Русија познати по шегите што ги прават на сметка на познатите личности, му се јавиле на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и лажно му се претставиле како да е Володимир Зеленски. Мислејќи дека разговара со украинскиот претседател, Кисинџер на комичарите им ги открил своите размислувања за саботажата на гасоводот Северен тек во септември минатата година.

Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров познати како Вован и Лексус претствени како украинскиот претседател Володимир Зеленски во измамата го прашале Кисинџер кој според него стои зад саботажата на гасоводот „Северен тек“ со кој се транспортира гас меѓу Русија и Германија. За потсетување, по експлозијата на „Северен поток“, некои шпекулираа дека зад нападот стојат САД, други го вперија прстот кон Русија, додека Украина негираше вмешаност.

„Искрено мислев дека вие Украинците го направивте тоа“, им рекол Кисинџер. Еден од нив потоа го прашал: “Навистина? Мислеше дека сме ние?! Не, не, не сме…”. Кисинџер потоа одговорил: „Но, јас не те обвинив“, сугерирајќи дека не мислел дека забелешката е критика.

Стогодишниот дипломат, кој беше државен секретар на САД во периодот од 1973 до 1977 година и поранешен советник за национална безбедност на САД, стана најновата личност што била измамена од двојката позната како Вован и Лексус, објавија руските медиуми.

Своевремено, цел на слична измама беше и поранешниот македонски премиер Зоран Заев кој телефонски разговараше со лажна Грета Тумберг, шведска еколошка активистка која е позната по тоа што ги предизвикува светските лидери да преземат итна акција за ублажување на климатските промени.

Share This Article