More

    Секс скандал: Селекторот спиел со целата фудбалска репрезентација!

    spot_img

    Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Замбија, Брус Мвепе (63), која се подготвува да дебитира на Светското првенство за жени, е обвинет за сексуална злоупотреба, а случајот бил предаден на истрага до Светската фудбалска организација (ФИФА).

    За целиот скандал анонимно проговорила една од репрезентативките, која тврди дека селекторот ги терал репрезентативките да спијат со него доколку сакале да го задржат местото во тимот.

    – Ако сака да спие со тебе, мораш да кажеш да. Стана нормално селекторот да спие со репрезентативките – изјавила замбиската репрезентативка за Гардијан.

    Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Замбија, Андре Каманга, потврди дека наводите биле проследени до ФИФА и до полицијата на Замбија минатата година и дека тоа е стара приказна.

    Замбиската федерација започна сопствена истрага минатата година, но исто така не именуваше ниту еден играч или тренер во тоа време. Како што додава Гардијан, и други тренери од Замбија, наводно, исто така биле обвинети за сексуално недолично однесување, вклучувајќи го и тренерот на женската младинска фудбалска репрезентација за фудбалерки до 17 години.

    За разлика од машката репрезентација, сениорките на Замбија се пласираа на Светското првенство кое овој месец ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд. Но, секс-скандалите во националните селекции го засенуваат спортскиот успех.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img