Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Фернандо Сантош ја објави конечната постава со којашто вечерва ќе ѝ се спротивстави на репрезентацијата на Македонија во финалниот натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.
Како што објавија португалските спортски медиуми, Сантош отпишал три имиња за дуелот против „рисовите“, па на вечерашниот меч во Порто на клупата ќе останат Тиаго Диало, Гонсало Инасио и Диого Далот, а тоа значи дека одбраната на Португалија ќе биде посилна за Пепе и за Жоао Кансело, кои се вратија на тренинзите.
Плеј-оф финалето ќе се одигра на стадионот „Драгао“, каде се очекуваат полни трибини. Македонската репрезентација ќе треба одново да се надмине и да брка изненадување против голем фаворит.