More

    Најмалку десет лица загинаа во рускиот напад на Краматорск

    spot_img

    Најмалку десет лица, меѓу кои три деца, загинаа, а повеќе од 60 лица се повредени откако синоќа два руски проектили погодија прометна пицерија во центарот на Краматорск во источна Украина. Меѓу повредените има и бебе, пренесува Гардијан.

    „Две ракети беа истрелани врз градот Краматорск… во ресторан во центарот на градот каде што имаше голем број цивили“, изјави Павло Кириленко, гувернер на источниот регион Доњецк.

    Во меѓувреме, Олех Синјехубов, гувернер на Харков, вели дека руското гранатирање на неговиот регион продолжило и утринава.

    „Непријателот продолжува да пука врз мирните жители на регионот Харков. За жал, има жртви“, напиша тој на Телеграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img