Адвокатот што го развеа сонцето од Кутлеш ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд на 16 јуни, пишува порталот Курир.
Адвокатот Тони Менкиноски е обвинет затоа што го развеа знамето со сонцето од Кутлеш, во знак на поддршка на осудените за случајот „27 април“.
Тој ќе биде уапсен од МВР ако не се појави на суд во процесот што се води против него, се вели во заканата во документот на судот во Охрид, пред кој се води постапката против Менкиноски.
Тони Менкиноски е адвокат кој со години бесплатно ги брани Македонците од Бугарија во Стразбур, каде учествувал во 16 пресуди против Бугарија.
Во Охридскиот суд ќе му се суди за нарушување на јавен ред и мир, иако никој во Охрид не пријавил дека е нарушен јавниот ред и мир.