More

    Предупредување за поставени експлозивни направи – во Белград и во Нови Сад евакуирани училишта, факултети и трговски центри

    spot_img

    На неколку адреси во Нови Сад и во Белград, утрово е добиено предупредување за поставени експлозивни направи. Српските медиуми пренесуваат дека во Нови Сад има дојави за поставени бомби на Филозофскиот и на Техничкиот факултет, спортскиот центар СПЕНС, два трговски центри, еден хотел и две компјутерски игротеки.

    Припадниците на антидивизиската единица излегле на терен и ги проверуваат објектите. Според неофицијални информации, предупредувачкиот мејл дошол од непозната адреса.

    Освен во Нови Сад, денеска има информации за поставени бомби и на повеќе локации во Белград, меѓу кои се Правниот и Електротехничкиот факултет, од каде студентите биле евакуирани, потврдило српското Министерството за внатрешни работи.

    Од српската полиција, за агенцијата Бета велат дека нивни екипи се на терен и дека проверуваат повеќе локации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img