More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 05.06.2023

    spot_img

    На 04.06.2023 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово. Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната. Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

    На 04.06.2023 во 14.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 04.06.2023 во 13.50 часот на подрачјето на Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марухуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 04.06.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 04.06.2023 во 21.55 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(37) од Тетово затоа што кај него и во неговото патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден хероин. Тој бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 476 возачи. Од нив, 41 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. Притоа 235 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 241 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло, пет мерки за некористење сигурносен појас…

    Вчера (04.06.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи . Од вкупно 85 возачи , 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 29 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

    На 04.06.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 36 прекршоци, од кои 19 надвор од населено место и 17 во населено место. На 03/04.06.2023 во периодот од 22.00 до 05.00 часот била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 14 возачи. Санкционирани биле и 27 други видови на прекршоци, од кои, 14 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник, 2 за нерегистрирано возило, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за некористење заштитна кацига и 4 за непрописно паркирање.

    На 04.06.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.З.(27) од Скопје и патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.К.Р.(32) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште една малолетна сопатничка од возилото „опел корса“ констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 04.06.2023 во 17.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на автопатот Гостивар–Тетово, пред Тумчевишка петла, патничко возило „опел“ со скопски регистарски, управувано од М.С.С.(41) од Скопје, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.С., а М.С.С. и уште една сопатничка се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

    На 04.06.2023 во 18.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Јеловце – с.Лешница, Д.А.(49) од с. Горна Бањица, гостиварско, управувајќи трактор со приколка без регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ќ.(74), констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

    На 04.06.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 05.06.2023 во 01.00 часот во Полициската станица Драчево, Н.С.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Јанко Мишиќ“ бил каснат од куче скитник.

    На 04.06.2023 во 20.30 часот во Полициската станица Центар, К.С.(49) од Скопје пријавила дека на ул. „Партение Зографски“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 04.06.2023 во 14.32 часот во Полициската станица Аеродром, В.С.(63) од Скопје пријавила дека на ул. „69“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img