More

    Николоски потсети на правото на самоопределување

    spot_img

    Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

    „Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам – изјави Николоски.

    Тој потсети на тоа што сè случуваше околу преговорите што ги водеа Македонија и Бугарија, за тргање на бугарското вето на нашите евроинтеграции.

    – Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите сè што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори.  За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување – додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img