160 кила висококвалитетен кокаин, вреден над 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција во голема полициска акција во Република Грција координирана со американската ДЕА.Според добиените информации , разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани. Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.