Ракот на тироидната жлезда е најчестиот малигнен тумор на ендокриниот систем и има еден необичен симптом на кој треба да обрнеме внимание. Како што објаснуваат лекарите, токму овој симптом кој се јавува на тоалетот може да биде знак за рак на тироидната жлезда, пренесува The Sun.
Според најновите податоци на NHS, тој симптом е дијареа. Имено, почестите патувања во тоалетот може да значат дека дошло до зголемување на хормонот калцитонин, а тоа е затоа што хиперактивната тироидна жлезда ги забрзува системите на телото, вклучувајќи го и нашето варење, пишува Индекс.
Други симптоми на рак на тироидната жлезда вклучуваат:
грутка на предниот долен дел од вратот
рапав глас
воспалено грло
тешкотии при голтање или дишење
болка во предниот дел на вратот или чувство како нешто да го притиска вратот.
Имено, тироидната жлезда се наоѓа во основата на нашиот врат од напред. Тоа е жлезда во облик на пеперутка која произведува и ослободува хормони кои го регулираат отчукувањата на срцето, крвниот притисок, телесната температура и тежината.