More

    Фантастичниот Мбапе го прегази легендарниот Ибрахимовиќ

    spot_img

    Килијан Мбапе, капитенот на француската репрезентација и играч на ПСЖ, четврти пат по ред е прогласен за најдобар играч во сезоната на француската Лига 1 од Француската унија на професионални играчи (УНФП).

    Францускиот ас оваа сезона постигна 28 гола во првенството и е на добар пат да биде најдобар стрелец петта сезона по ред. На напаѓачот на Лион, Александар Лаказет му недостига само еден гол до шампионската титула.

    Мбапе конечно откри во кој клуб ќе игра следната сезонаМбапе е првиот фудбалер кој четири пати е прогласен за најдобар играч во Лига 1 откако наградата за првпат беше доделена во 1994 година. Тој го надмина Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ кој три пати ја освојуваше оваа награда.

    Задоволство е да се запишам во историјата на Лига 1. Искрено не очекував тоа да се случи толку брзо“, изјави Мбапе кога ја прими наградата.

    Френк Хаиз од Ленс беше прогласен за тренер на сезоната, откако го доведе клубот до второто место и го врати во Лигата на шампионите по две децении.

    Награден е и голманот на Ленс, Брис Самба, додека дефанзивецот на ПСЖ, Нуно Мендеш го доби признанието за најдобар млад играч. Мендеш беше избран и во идеалната единаесетка на сезоната, во која се уште тројца играчи на ПСЖ: Мбапе, Лионел Меси и Ашраф Хакими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img