Започна замена на дел од регионалниот цевковод кој излегува од пумпната станица ,,Св. Еразмо”, со која се предвидува демонтажа на постоечка метална водоводна цевка ф315 и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем.
Со овој зафат се подобрува активноста на регионалниот водоснабдителен систем како и намалување на дефектите на тој потег.
Средствата во висина од 3.782.826,00 денари со вклучен ДДВ се обезбедни од буџетот на Општина Дебрца.