Руските медиуми јавија за нова експлозија во Русија, овој пат во Краснодар, кој се наоѓа на југот на Русија. Се сомнева дека за експлозијата е одговорен дрон.
Градоначалникот на Краснодар, Евгениј Наумов, извести дека е оштетена станбена зграда и деловна зграда. Во експлозијата нема жртви.
Како што соопшти Наумов, оштетени се покривот и прозорците на станбената зграда, а оштетен е и покривот на приватната куќа која се наоѓа во близина, пренесува ТАСС.
Додека се чека официјалната причина за експлозијата, RT и некои други изданија на руски портал наведуваат дека постои сомневање дека за експлозијата е одговорен дрон. Објавени се и снимки од наводниот напад со дрон, а неколку очевидци изјавија дека се слушнале најмалку два истрела.
На објавените видеа може да се забележи и густ чад како се издига над областа каде што се случи експлозијата.