More

    Ковачевски сѐ уште молчи и не ги демантира информациите дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава

    spot_img

    Ковачевски сѐ уште молчи и не ги демантира информациите дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

    „Нема демант дали Ковачевски и Ахмети договараат редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава, во која ќе постојат два народа, неколку етнички заедници, кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато, кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис, да бидат малцинство.

    Јасна е концесијата која Ковачевски ја има кон ДУИ, од каде добива финансиски надокнади, но треба да издржи уште само неколку месеци, да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму дадаваат дека „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава и ќе направи сѐ, за да го поврати продадениот македонски идентитет од СДС и ДУИ“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img