More

    Имотот од „Империја“ останува замрзнат

    spot_img

    Кривичниот суд ги одби како неосновани жалбите на правните лица „Дивелоп груп“ ДОО Скопје и „Бест Вејт Инвестмент“ ДООЕЛ Скопје против шест решенија на судии на претходна постапка, а поврзани со истрагата на ОЈО ГОКК за предметот познат како „Империја“.

    Како што информира од Судот, Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција вчера одржал седница на која по извршен увид во списите и ценејќи ги фактите приложени во жалбите, донесе решенија со кои жалбите се одбиваат како неосновани, а решенијата од претходна постапка се потврдуваат во целост.

    – Во текот на изминатата недела, судиите од Одделот на претходна постапка, постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител, донесоа решенија со кои се изречени мерки – одземање на имот заради обезбедување поради постоење основано сомнение дека потекнува од кривично дело, како и забрана на правните лица за располагање со удел во правно лице и отуѓување на имот кој се запленува во корист на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img