More

    Има пари за проширување на позитивната листа со 9 нови лекови, изјави Таравари

    spot_img

    Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска има средба со претставници на специјализантите кои ќе бараат одговори од него како ќе се спроведе планот на Владата за нивно вработување.

    Таравари утрово беше во посета на Детската клиника и притоа изјави дека негов приоритет бил да најде решение за специјализантите и оти оваа година од вкупно 647 ќе бидат вработени 300, но за тоа ќе треба да бидат воспоставени критериуми.

    – Јас сум многу среќен што успеавме првиот месец да изнајдеме решение. По информација на Министерството тоа помина во Влада, од вкупно 647 специјализанти 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми, да побараме кај има интерес во јавните здравствени установи и 300 други ќе останат за идната година. Во меѓувреме, следната моја заложба ќе биде да видиме и овие коишто подолг период, посебно од средниот медицински персонал, работат и немаат решение за работа, да најдеме и за нив решение, за до крајот на годината и тие да бидат редовно вработени – рече Таравари.

    Според него, за тие вработувања нема да се чека новиот Буџет.

    – Нема да се чека новиот буџет. Ќе се обидеме во склоп на овој буџет да успееме да го менаџираме тоа. Меѓутоа, ни треба време да се синхронизираме и со другите министри. Јас сум оптимист дека и оваа работа како и со специјализантите, како и со позитивната листа, ќе ја завршиме – рече министерот за здравство.

    За лекарите што чекаат шестмесечна задолжителна пракса вели дека сѐ уште не се видел со нив и дека немало барање за средба со нив.

    Таравари, одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека и денеска не се сретнал со медицинската сестра за која се тврдеше дека повредила бебе на Клиниката. Медицинската сестра не била на работа, но се видел со Комисијата и не се согласи со тврдењата дека медицинската сестра е „оцрнета“. Од сознанијата што ги имал, повредата не настанала намерно.

    – Ова е третпат што доаѓам на Клиниката за педијатрија откако се случи тој случај. Првин, дојдов тука па отидов во домот на детето. Вторпат дојдов, денеска е третпат и сакав да ја видам повторно, таа не беше присутна на работа. Меѓутоа, добро е што се видов со Комисијата која што беше определена од колективот и од директорот. Земав информации и повторно ќе има обид од мене да се видам и со пациенти коишто се жалат и со медицински работници коишто некогаш можеби се под притисок. Верувајте, и на отворена линија кога ќе ми се јават, јас одам и ги посетувам пациентите и ќе продолжам, а не јавно допрен глас, секогаш јас вработен во здравството, еден од здравствените работници, знам какви незгодни случаеви може да поминеме, меѓутоа секогаш треба да сфатиме и да разбереме дека во центарот на здравствениот систем и најважниот елемент на здравствениот систем се пациентот и граѓанинот и секогаш тие треба да имаат приоритет. А дека сме оцрниле не е вистина. Ние отидовме кај нив. Јас и таа вечер кажав дека не би сакал да предрасудува, треба да ја слушнам и другата страна. Јас се надевам дека сестрата, кога ќе дојдам четврти пат на педијатрија, ќе ја видам или ќе ја сретнам и ќе разговарам и со неа. Меѓутоа, сега имам доволни информации и гледам дека најверојатно, според тоа што го кажуваат и дежурните доктори и болничарката и сестрата која што била заедно во дежурство, не е намерно и јас посакувам и се надевам дека е така – рече Таравари.

    Министерот за здравство, Таравари, кажа и дека ќе се обиде да најде решение за проблемот со немање лекар во Дојран.

    За тоа дали поранешниот економски директор на Клиниката ќе ги врати парите што му биле исплаќани за плати по коефицинет како лекар, директорот на Клиниката Реџеп Мемеди рече дека за сите правни прашања, кои не се случиле во неговиот мандат, се занимава правниот застапник, адвокатот, и за тоа рече дека новинарите информации може да побараат од правниот застапник. За тоа во
    која функција е поранешниот економски директор во неговата канцеларија, кој бил негов братучед, Мемеди рече дека „доаѓаат луѓе на посета, ми честитаат и тука нема никаква функција“.

    Таравари изјави и дека има средства да се прошири позитивната листа со 9 нови лекови, само се чека да се избере новиот Управен одбор на Фондот за здравствено осигрување.

    – Има и пари, нема никаков проблем, само чекаме да се избере новиот Управен одбор. Значи, Управниот одбор сѐ уште не е комплетиран. Инаку, од наша страна е испратено пред две недели со согласност од Фондот. Штом ќе има прва седница Управниот одбор на Фондот, позитивната листа ќе ја промовираме заедно со директорот на Фондот за здравство – изјави Таравари.

    Според Таравари, не се спорни 9-те лекови, тие се прифатени и нема да има некаква голема финансиска импликација, повторувајќи дека по 14 или 15 години ќе биде проширена позитивната листа и дека до крајот на годината може ќе има дополнување од уште неколку лекови.

    Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски изјави дека очекува за десетина дена да се знае дали ќе има проширување на позитивната листа со 9 нови лекови бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за 9 лекови.

    – Ние правиме комплетна анализа. Значи, во функција сме 15 денови. Она што министерката за финансии го истакна е дека во буџетот постојат многу дупки кои ние допрвинг ги востануваме – изјави Клековски.

    Според него, во моментот се прави проценка колкави се дупките во повеќе подрачја за заедно со ребалансот, со новите средства, да се направи проценка кои сѐ здравствени потреби можат да се задоволат до крајот на годината.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img