Направила список за убиство на соучениците, ученичка е избркана од училиште во Хрватска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ученичка во училиште во Бјеловар имала список на соученици за убиство, оваа информација за Bjelovar.live ја потврдија бројни родители, загрижени што дури денеска дознале за тоа.

Нивните деца денеска ги запознале со оваа информација, иако списокот за убиства со имиња и презимиња на учениците беше објавен пред неколку дена на ТикТок и се уште кружи на социјалните мрежи.

Набргу по објавувањет за видеото била известена полицијата која за многу кратко време ја привела ученичката, а видеото набрзо било избришано. Сепак, наводно има скриншотови направени од ученици на училиштето, така што тие се уште може да се најдат.

Неофицијално, учениката истиот ден била избркана од бјеловарското училиште.

Од извор кој е добро информира, Bjelovar.live дознава дека сличен список на убиства немало само во едно училиште во Бјеловар.

Share This Article