Завршена е реконструкцијата на општинската зграда во село Белчишта / прва фаза,во која се изврши реконструкција на кровната конструкција,спомен собата од НОБ и поставување на ПВЦ дограма во деловите каде не беше поставена.
Проектот се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој 2022-2023.
Вкупната вредност на работите изнесува 4.461.007 денари,од кои 3.695.600 денари ги обезбеди Центарот на ЈЗПР,преку Бирото за регионален развој, а 729.544 денари се учество на Општина Дебрца.
Во втората фаза,за која е поднесена апликација за користење на средства од Програмата за рамномерен регионален развој 2023-2024 се планира целосна реконструкција на зградата, вклучително и големата повеќенаменска сала.
Во 2023 година со средства од буџетот на општината ќе се реализираат и следните активности:
-санација на кровна конструкција на Дом во село Врбјани,
-реконструкција на кровната конструкција на Дом во село Годивје,
-реконструкција на објект на месна заедница/стара училишна зграда во село Песочани,втора фаза / надворешна фасада.