Второ „олеснување“ на „Bvlgari“ во три години

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вооружен грабеж е изведен во саботата во луксузна златарница на „Bvlgari“, на познатиот Плоштад Вендом, во центарот на француската престолнина Париз, а штетата се процени на повеќе милиони евра, пренесува АФП од полициски и извори на државното обвинителство.

Според првичните информации, тројца ограбувачи на два мотоцикли се појавиле пред златарницата околу 13.45 часот по локално време, рекол полициски извор. Двајца носеле оружје со долги цевки, додал, наведувајќи дека бил удрен припадник на обезбедувањето.

Штетата сѐ уште се утврдува, а се проценува на „повеќе милиони евра“, рекол за АФП соговорник запознаен со истрагата и потврдил дека злосторниците се во бегство.

На снимките кои биле објавени на социјалните мрежи, а би можеле да се однесуваат на грабежот, се гледаат два големи црни мотоцикли паркирани пред златарницата. Маж во црни, со кацига на главата и вооружен чува стража пред дуќанот. Потоа сите тројца бегаат со мотоциклите, според снимките.

Оваа златарница на „Bvlgari“, беше цел на вооружен грабеж и во септември 2021 година и тогаш штетата беше проценета на 10 милиони евра. Тогаш полицијата рани во ногата еден од тројцата ограбувачи и го уапси. Тој беше ставен во притвор, а во јуни 2022 година уапсени беа и обвинети и другите двајца. И тие се во притвор, додека го очекуваат изрекувањето на пресудата.

Share This Article