More

    Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“

    spot_img

    Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.

    Тој истакна дека најголем дел од локалните проекти зависат од централната власт поради нецелосната децентрализација. Заради политичка кратковидост владата не соработува со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и ги блокираат и опструираат, но и покрај тоа се реализираат проекти.

    – Проектите на владата не ги гледаме. И да не помагаат на општините, ди работеа само проектите на владата, Македонија ќе беше многу поубаво место за живеење. Јас не можам да се сетам на ниеден проект кој што оваа влада го има реализирано. Автопати не се градат, само се плаќаат пари. Сега има нова фаза, до пред некое време само не се градеа автопати, не се градеше Охрид-Кiчево, не се градеше експресниот пат од Градско кон Прилеп, а сега сме во нова фаза каде што со Договорот за коридорите 8 и 10д автопати не се градат, ама пари се плаќаат. Тоа е врв на криминалот. Само вчера министерството за транспорт и врски префрли на изведувачите кои се избрани околу 120 милиони евра, а 120 зрна песок не се ставени на било која делница. Ова е врвна фаза на криминал за која што секако ќе има одговорност после промената на власта – потенцираше Александар Николоски.

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, се сретна со Драчевци. Тој истакна дека граѓаните на Драчево бараат нова влада, бараат чесност, план, програма и надеж.

    – Граѓаните во Драчево бараат промена на централната власт. Граѓаните во Драчево бараат нова влада, влада која што нема да биде синоним за криминал и корупција, тоа што го гледаме само треба да се погледнат медиумите и дневните вести да видите што се се случува во Македонија. Срам во институциите кои што треба да го раководат правосудството, срамни договори кои што се штетни по нашиот буџет, граѓаните го бараат сосема спротивното. Граѓаните бараат план програма, чесност, граѓаните бараат надеж -нагласи Муцунски.
    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во Ѓорче Петров истакна дека со оваа власт на ДУИ и СДС Македонија тоне, а власта сака да украде милијарди преку изградбата на коридорите, затоа посочи е потребна промена на власта.

    – Гледате какви скандали има, гледате како сакаат милијарди евра да украдат со автопатот, да го украдат народот. Нема економија, нема здравство, Македонија тоне пореди СДС и ДУИ. ДУИ ја води државата а СДС мора да биде со нив за некој месец плус да остане на власт. Ги повикувам сите граѓани да ни се приклучат, затоа е најважно ВМРО-ДПМНЕ да победи – нагласи Мисајловски.

    Tим предводен од пратеникот Мирче Аџиоски на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета Пештани и во Елшани и Долно Коњско во Охридскиот регион.

    – За новиот проект за автопатиштата кој уште непочнат заглави во криминал и корупција и за кој секојдневно излегуваат на површина криминалните зделки на Артан Груби и на Димитар Ковачевски. Уште непочнат овој проект, гледаме дека владата исплатила 120 милиони евра пенали на изведувачот, а оваа сума секако ќе биде, можеби и многу поголема затоа што се неспособни и не знаат ад работат – рече Аџиоски.

    Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од потпреседателката Гордана Кочоска Димитриеска ги посети населените места, Тумчевиште, Галате, Зубовце,Вруток и Беловиште.

    – Власта нема воопшто никаква грижа кон граѓаните. Секаде се исти проблемите. Граѓаните велат дека наместо корупција и криминал, нам ни требаат патишта, наместо да има инвестиции во водовод и канализација, власта троши милионски износи како казнени пенали за коридор 8. Власта со парите кои ги потроши за тие казнени пенали, кои се повеќе од 230 милиони евра можеше да изгради голем број на училишта, да изгради улици, да направи болници, да купи одпрема за здравствените домови кои навистина немаат никаква апаратура за работа – истакна Кочоска Димитриеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img