Почнаа подготовки за измени на Уставот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Работната група за подготвување на предлог иницијатива за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија денеска одржа конститутивна седница.

Членовите, како што соопшти Министерството за правда, едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да формира работна група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.

Работната група има 23 члена од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови се од институции, Кабинет на претседател, МНР и СЕП.

Министерот за правда Кренар Лога и неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ им посакаа успешна работа на членовите на работната група и им порачаа дека ова е историска шанса за остварување на нашата стратешка цел, членството во ЕУ, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Share This Article