More

    НИКОГАШ ГРАЃАНИТЕ НЕ БИЛЕ ПОСИРОМАШНИ- Затоа СДСМ катастрофално ќе биде казнет, вели Димитриеска Кочоска

    spot_img

    Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план да речам, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во Изборна единица 1 во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лоши политики.

    Димитриеска Кочоска притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт, а поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.

    – Според мене Бисера треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат – нагласи Димитриеска Кочоска.

    Таа посочи дека на овие избори СДСМ ќе изгуби многу, затоа што граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.

    – Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи. Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула – порача Димитриеска Кочоска говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.

    Димитриеска Кочоска укажа дека ќе е потребна помошта од граѓаните затоа што треба да пријавуваат до надлежните институции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img