More

    Украинската команда повика на молк, се спремаат и Русите

    spot_img

    Би-Би-Си Украина и институтот ИСВ објавија дека единици на украинската војка ја преминале реката Дњепар во областа Херсон, повикувајќи се на информации од руски воени блогери. Но, украинската министерка за одбрана Хана Маљар одрекува дека пролетната контраофанзивата почнала. Според Си-Ен-Ен пак, „морничавата тишина, траговите од тенкови и далечната бука од артилериски дуели“ значат само едно – дека офанзивата сепак е во тек.

    Украинскиот пратеник Роман Костенко наведе некои шпекулации околу офанзивата, која според него нема да биде лесна, а за која ќе треба фронт долг најмалку 160 километри.

    Профилот Вишеград24 објави непроверено видео во кое се гледа укотвување на воени чамци на брег од реката.

     

     

    Има или нема „мост“ на Дњепар?

    Дека имало некое движење преку Дњепар објави и Би-Би-Си Украина, но и познатиот Институт за проучување на војната ИСВ од САД, кој напиша дека „гео-лоцираните снимки објавени на 23 април покажуваат дека украинските сили дејствуваат во областите северозападно од Олешки, на источниот брег на Дњепар“.

    ИСВ додава дека нема доволно информации за да се анализира обемот на украинското напредување или пак, натамошните намери на украинската војска.

    Официјлна Москва ги отфрли обвинувањата дека Украинците преминале и направиле мост, иако претходно рускиот началник на Херсон го тврдеше ова. Рускиот блогер Варгонзо дури објави дека Украинците се обидуваат да заземат остров во реката, наречен Голем Потемкин.

    Украинската команда на југ не кажа многу во врска со ова, но повика на трпение. Нивната портпаролка Наталија Хумениук рече:

    – Условите на оваа воена операција бараат молк додека не биде доволно безбедна за нашата армија.

     

     

    Од другата страна на „Рубикон“ ќе чекаат тенковите-роботи

    Додека се чека потврда за контраофанзивата, она што е познато е дека Русите се спремаат за можен украински контранапад преку своите тенкови-роботи кои се управуваат од далечина. Русија почна да ги користи своите Т-14 Армата за да ги гаѓа украинските позиции „но тие сè уште не учествувале во директни офанзивни дејства“, јавија денеска руските агенции.

    Во куполата на Т-14 не мора да има човек, туку се управуаат од„изолирана оклопна капсула лоцирана пред трупот“. Тенковите на автопат можат да достигнат максимална брзина од 80 километри на час.

    Тенковите биле засилени со дополнителна заштита на крилата додека нивните екипажи биле подложени на процес на „борбена координација“ на местата за обука во Украина.

    Ако не знаеш каде ќе биде офанзивата, гаѓај кајшто има украински „магацини“

    Истовремено, руската авијација се обидува да нападне онаму каде што мисли дека има украински цели. На пример, во градот Орихив, на околу 65 километри југоисточно од Запорожје, Русите го повторија бомбардирањети на сè што може да личи на воено собиралиште, како што се спортски клубови и земјоделски магацини.

    Малиот град Вуледар подалеку на исток, од каде што Украинците би можеле да започнат пробив на југ, исто така е силно гранатиран во последните 48 часа.

     

    Русите вежбаат и пред очите на Јапонија

    Во меѓувреме, Русите вежбаат и во Тихиот Океан за да се обезбедат од можен напад од Јапонија. Две подморници на руската Пацифичка флота во Јапонското Море изведоа вежба за напад со торпедо против лажна непријателска подморница, соопшти службата за односи со јавноста на флотата.

    Вежбата се одржа во согласност со планот за борбена обука на флотата, се додава во документот.

    На 14 април Русија почна ненадејна проверка на Тихоокеанската флота, која е ставена во највисоко ниво на подготвеност.

    Во ОН Лавров е сам против сите 

    Додека се исчекува разврската од фронтот, првиот руски дипломат, Сергеј Лавров беше ставен на тапет од своите колеги во Обединетите Нации во врска со војната. Многу странски амбасадори предложија Русија да биде отстранета од претседателството со ОН поради тоа што ја нападна Украина.

    Меѓу другото, Русија токму сега претседава со состанокот на Советот за безбедност.

    Лавров одговори на критиките дека Русија е лицемерна и дека продоллжува да убива цивили во Украина со следните зборови:

    – Како што беше случајот во Студената војна, стигнавме до опасен, можеби уште поопасен праг. Америка и нејзините сојузници ја напуштија дипломатијата и бараат разјаснување на односите на бојното поле – предупреди Лавров и ги обвини западните земји дека не го признаваат Крим за руски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img