Познатиот актер Џејми Фокс итно бил префрлен во болница во Атланта поради медицински компликации. Се уште не се знае за што точно се работи, а веста за состојбата на актерот ја сподели семејството.
Неговата ќерка Корин во средата објави дека актерот доживеал здравствени компликации, но веќе се опоравува.
„Знаеме колку го сакаш и ги цениме твоите молитви“, напиша таа, барајќи приватност додека семејството минува низ тешки времиња.