Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби, тврди порталот. Според ТВ21, во вечерашната тв-емисија „Клик Плус“ се разговарало на оваа тема.
Измените на законот за матична евиденција меѓу другото предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар и требаше утре да се најде пред пратениците на Комисијата за политички систем.