More

    Пожарникарите интервенирале на уште 8 пожари на отворено

    spot_img

    Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

    Пожарникарите интервенирале за гаснење во општините: Ѓорче Петров, Сарај и во Гази Баба каде што било запалено ѓубре; во Радовиш кај населба Дамјан, Штип, кај „Авто Чајка“ и во Желино, кај село Чифлик. Во овие места горела ниска вегетација.

    Пожарникарите интервенирале и во Тетово кај село Фалише  каде што горела депонија, потоа во Општина Маврово и Ростуше, село Галичник каде што се запалил трансформатор и грмушки, а во Општина Демир Хисар во изминатото деноноќие имало помала интервенција.

    ЦУК апелира  дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img